ВИДЕО РЕЦЕПТ за најмеките кифли со јогурт

ВИДЕО РЕЦЕПТ за најмеките кифли со јогурт

Меки кифлички кои се топат во уста, а такви остануваат и наредниот ден. Полнете ги по желба, но и празни се преубаави…

Состојки:

  • 1,2 кг брашно
  • 2 дл млако млеко
  • 4 дл јогурт
  • 40 гр квасец
  • 2 дл масло
  • 1 лажица шеќер
  • 2 лажички сол
  • 200 гр маргарин
  • 3 јајца (2 жолчки за тестото, цело јајце за премачкување)
  • 200 гр ситно сирење
  • 100 гр фета сирење

Начин на подготовка:

  1. Прво ставете го квасецот да надојде, измешајте го со половина децилитар млако млеко, 1 лажица шеќер, 2 лажици брашно. 
  2. Во вангла измешајте брашно, сол, додајте го надојдениот квасец, масло, јогурт, млеко и замесете меко тесто. Оставете покриено да стои околу 30 минути. 
  3. Поделете го на 4 дела и секој развлечете го во круг, исечете 16 делови, ставете фил, па свиткајте кифлички. 
  4. За филот измешајте ситно сирење, фета, белки и малку сол. 
  5. Редете ги кифлите на со маргарин намастен плех, премачкајте со разматено јајце и на секоја кифла ставете коцкичка маргарин. Оставете ги околу 10 минути да отстојат додека рерната се загрева на 200 степени и печете додека не поруменат.

 

Добар апетит!

Повеќе рецепти на Готви.мк:

ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид

Ремек дело во кујната: Леб од банана

Тазе домашен леб

ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси

Домашниот леб на мајче Вера

Полнет запечен леб

ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта

Црно бела торта