Сладолед од диња и бисквити

Сладолед од диња и бисквити

Видео рецепт за домашен сладолед од диња. Љубителите на ова овошје најмногу ќе уживаат во комбинацијата на кремаст, сладок и освежувачки вкус со парчиња бисквити.

Состојки:

  • 500 мл слатка павлака
  • 150 гр кафеав шеќер (може и обичен)
  • 1 помала диња
  • 0,5 дл сок од портокал или фанта
  • 1 лажица лимон
  • 4-5 парчиња интегрални бисквити или плазма

Начин на подготовка:

  1. Шеќерот растопете го и прелијте го со 200 мл слатка павлака. Гответе додека карамелот не се растопи и оставете да се излади (не смее да биде врел).
  2. Цврсто разматете 300 мл слатка павлака. Дињата (нека биде добро зрела, слатка) излупете ја, извадете ги семките и испасирајте ја со миксер со сок ок од портокал или фанта.
  3. Измешајте ги масата од шеќер, кашата од диња, разматената слатка павлака, лимонот, и додајте мелени бисквити.
  4. Прекријте со фолија и ставете го сладоледот во замрзнувач до наредниот ден.
  5. Послужете со парчиња свежа диња, прелив од малини и ако имате свежи малини. Уживајте во прекрасниот сладолед!

 

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки

ВИДЕО: Рецепт за органска маска за длабинска нега на оштетена коса

ВИДЕО: Направете шеќерна паста за депилација

10 „убијци“ на вишокот калории

Диетално: Домашни брускети со домати и маслиново масло (видео)

 

singlepost_text