Совршен спој од бела кора, жолт крем и шлаг… Колачот Ледено небо е најдобриот начин да се разладите ова врело лето!
Состојки за кора:
- 7 белки
- 7 лажици шеќер
- 7 лажици остро брашно
- 2 дл млеко
Состојки за крем:
- 7 жолчки
- 7 лажици шеќер
- 6 лажици остро брашно
- 3 кесички ванилин шеќер
- 7 дл млеко
- 250 гр маргарин
- 2 кесички шлаг
Начин на подготовка:
- Разматете ги белките во цврст снег. Постепено додајте шеќер и продолжете да матите. Потоа додајте брашно и лесно измешајте. Смесата излејте ја во калап и печете околу 20 минути на 150 степени. Кога кората ќе биде готова, прелијте ја со 2 дл топло млеко.
- За кремот разматете жолчки со шеќер и ванилин шеќер. Одвојте малку млако млеко и додајте го во смесата и на крај добро измешајте го брашното да нема грутки. Згответе ја смесата во преостанатото млеко со постојано мешање додека не згусне.
- Кремот оставете го да се излади, па соединете го со маргарин. Рамномерно премачкајте преку изладената кора, а преку распоредете разматен шлаг. Пред послужување добро изладете.
Уживајте!
Прочитај повеќе на Gotvi.mk:
Јадете го ова и кажете му збогум на целулитот
Рецепт за облоги од ѓумбир кои го топат салото на стомакот
10 „убијци“ на вишокот калории
ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки
Како да ослабете според хороскопскиот знак?
Хороскопските знаци и храната – што треба да јадете, а која храна да ја избегнувате
Кое е омиленото јадење на принцот Чарлс?
Добра идеја – Фотографирајте храна на Instagram и бесплатно јадете каде сакате
ФОТО: Ѕирнете во Eqvita – ресторанот за здрава храна на Новак Ѓоковиќ
Прочитај Gotvi.mk рецепти:
Диетално: Домашни брускети со домати и маслиново масло (видео)
Диетален појадок што ќе ве држи сити
ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки
Супер брз и вкусен домашен сос за хамбургер или пилешко
Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки