Здрав сладолед чиј состојки го лечат џигерот и го снабдуваат организмот со витамини и минерали

Здрав сладолед чиј состојки го лечат џигерот и го снабдуваат организмот со витамини и минерали

Сите сакаме сладолед. Исто така знаеме дека кога купуваме индустриски сладолед во него се наоѓаат разни засилувачи на вкус и што уште не.

Денес ви донесуваме рецепт за совршен сладолед од авокадо. Авокадото е извор на витамини Е и К, како и многу минерали, како калиум и магнезиум. Плодовите од авокадо се полни со здрави масти, поттикнуваат апсорпција на џигерот.

Состојки:

  • 2 авокада
  • 1/4 шолја мед
  • 1/4 шолја полномасно кокосово или бадемово млеко
  • малку морска сол
  • лимета

Начин на подготовка:

  1. Излупете го авокадото, исечете го на половина и отстранете ја семката од средина. Авокадото изгмечете го така што од него ќе добиете глатка маса без парчиња и грутки. Додајте мед и добро измешајте со жица. Смесата ставете ја во блендер. Додајте кокосово или друго млеко кое го користите, па потоа и останатите состојки.
  2. Мешајте додека смесата не стане глатка. Од блендер смесата префрлете ја во калап, оставете во замрзнувач најмалку два часа или преку ноќ. Понекогаш сладоледот може да биде премногу замрзнат за да го јадете директно од замрзнувач. Оставете го на собна температура 20 минути пред послужување.

 

Уживајте!

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки

ВИДЕО: Рецепт за органска маска за длабинска нега на оштетена коса

ВИДЕО: Направете шеќерна паста за депилација

10 „убијци“ на вишокот калории

Диетално: Домашни брускети со домати и маслиново масло (видео)

 

singlepost_text