НЕОБИЧЕН РУЧЕК: Говедско со јаболко

НЕОБИЧЕН РУЧЕК: Говедско со јаболко

Ако сакате да мешате вкусови – слатко, солено, кисело… ова е вистинскиот рецепт за вас!

Состојки:

  • 500 гр говедско месо
  • 4 црвени јаболка
  • 1 банана
  • 1 главица кромид
  • малку сок од јагоди
  • вустер сос по вкус
  • сол по вкус
  • масло

Начин на подготовка:

  1. Ставете масло во длабока тава. Додајте кромид и малку пропржете го. Потоа додајте банана исечена на кругови и јаболка исечкани на парчиња да се пропржат заедно со кромидот, околу 5 минути. 
  2. Во тоа додајте говедско исечкано на коцки и измешајте. После минута динстање додајте малку сок од јагода и вустер сос. Оставете седум минути да крчка. 
  3. Кога ќе го сервирате јадењето, додајте малку сол и бибер.

 

Добар апетит!

Прочитај Gotvi.mk рецепти:

Супер брз и вкусен домашен сос за хамбургер или пилешко

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки

Кинеска кујна: Како да зготвите брокула со пилешко

Шарена тава со зеленчук и пилешко

Пилешко во кари сос

Пилешко со паста и песто сос

Одличен рецепт – Потпечено мешано месо со печурки

singlepost_text