Едноставен рецепт за сладолед кој ќе го правите постојано!
Состојки:
- 4 шолји лубеница исечкана на коцки (без семки)
- 4 лажици мед
- 1 лажица грчки јогурт
- 1 лажица сок од лимон
- неколку лажици вода по потреба
Начин на подготовка:
- Лубеницата ставете ја во блендер и мешајте додека не добиете структура на пире.
- Смесата излејте ја во голема чинија па додајте мед, јогурт и сок од лимон.
- Смесата низ цедалка ставете ја во сад кој ќе го ставите во замрзнувач.
- После еден час во замрзнувач, смесата уште еднаш ставете ја во блендер додека не дојдете до саканата структура.
- Процесот повторете го секој половина час наредните неколку часа, а сладоледот пред послужување оставете го еден час во замрзнувач.
Уживајте!
ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки
ВИДЕО: Рецепт за органска маска за длабинска нега на оштетена коса
ВИДЕО: Направете шеќерна паста за депилација
10 „убијци“ на вишокот калории
Диетално: Домашни брускети со домати и маслиново масло (видео)