Идеално јадење за дружење, бидејќи со ова јадење сите се собираат околу еден сад.
Состојки:
- 300 гр кашкавал
- 300 гр ементалер
- 100 гр димена сланина Пекабеско
- 1 чешне лук
- 300 мл бело вино
- бибер
Начин на подготовка:
- Исечкајте го сирењето на коцки. Исечкајте ја и сланината. Испржете ја сланината во тава, без масло. Додајте сечкан лук и пропржете. Посипете со црвена пипер и залијте со бело вино.
- Додајте го сирењето и растопете го. Додајте бибер по вкус. Сервирајте со бел леб, печурки и свеж зеленчук.
Добар апетит!
Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата
Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула
Малиџано – одличен домашен рецепт