Еве како да направите домашни корнети за сладолед!

Еве како да направите домашни корнети за сладолед!

Тестото за корнети ќе го направите за миг, а најдобро од сè е што можете да си поиграте со вкусовите кои ги сакате.

Состојки:

  • 2 јајца
  • 65 гр шеќер
  • 30 гр растопен путер
  • 2 лажици млеко
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • 45 гр брашно
  • прстофат сол
  • 3 лажички сончогледово масло

Начин на подготовка:

  1. Во голем сад измиксајте јајца со шеќер. Додајте путер, млеко и ванила. Постепено измешајте брашно со лажица па додајте сол. Ако ви се чини дека тестото е прегусто, додајте уште малку млеко. Загрејте мала тава на среден оган и лесно премачкајте ја со масло. 
  2. Ставете една кутлача од смесата во тавата и формирајте круг како за палачинки. Печете додека не стане златно од двете страни. Тргнете ја тавата од оган и тестото обликувајте го во корнет додека е жешко. Оставете ги корнетите да се изладат, а потоа полнете ги со сладолед.

 

Повеќе на Готви.мк:

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Десерт готов за 20 минути

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

Малиџано – одличен домашен рецепт

singlepost_text