Штрудла од лешник и мак

Штрудла од лешник и мак

Највкусната штрудла се прави на овој начин!

Состојки:

  • 3 јајца
  • 300 мл млеко
  • 1 лажица шеќер
  • малку сол
  • кора од лимон
  • 30 гр свеж квасец
  • 300 мл млако млеко
  • малку маргарин
  • 200 гр мелен лешник
  • 200 гр мелен мак
  • шеќер по вкус
  • 500-600 гр брашно Т 500 меко

Начин на подготовка:

  1. Растворете квасец во млако млеко и додајте лажица шеќер, 2 јајца, масло и кора од лимон, па разматете со жица. Додајте малку брашно и сол и остатокот од брашното, замесете средно тврдо тесто да биде глатко.
  2. Покријте во вангла и оставете да нарасне околу 30 мин. За тоа време макот и лешникот засладете ги по желба, може да се додаде и суво грозје, доколку сакате, и неколку лажици млеко да не биде суво. Нараснатото тесто поделете го на два дела.
  3. Првата топка развлечете ја во правоаголник, намачкајте со маргарин па посипете со лешници и свиткајте. Така направете и со другата со мак.
  4. Покријте и оставете околу 20 минути да нарасне, па премачкајте со жолчка и ставете во рерна загреана на 200 степени.
  5. Температурата од рерната веднаш спуштете ја на 180 степени и печете 45 минути. После 15-20 минути, штрудлата покријте ја со фолија и продолжете со печење.
  6. Жешката печена штрудла можете да ја премачкате со маргаин. Сечете откако ќе се излади. Уживајте!

 

Повеќе на Готви.мк:

Мајката на Јелена Крлеуша: Еве како конечно ја победив зависноста од храна!

Адријана Лима открива: Рецепт за утринско смути и совети за диета

Ким Кардашијан откри како ослабе 15 килограми за 2 месеци

Цеца со нов албум, а ние ви откриваме што јаде за да има таква линија

Кои се омилените јадења и пијалоци на Енрике Иглесијас?

ВИДЕО: Рецепт за органска маска за длабинска нега на оштетена коса

singlepost_text