Кралски печурки

Кралски печурки

Уживајте во едни од најпознатите и најчесто користени видови печурки…

Состојки:

  • 1 кг крупни шампињони
  • 250 гр шунка Пекабеско
  • 150 гр кашкавал
  • 2 пакување кисела павлака Пекабела
  • 2 јајца
  • бибер
  • сол
  • сув зачин

Начин на подготовка:

  1. Печурките измијте ги и извадете ги дршките. Наредете ги во плех во кој ќе се печат.
  2. Дршките исечкајте ги, измешајте со исечкана шунка, изрендан кашкавал, павлака, разматени јајца и зачинете.
  3. Со подготвениот фил полнете ги печурките. Ставете ги во загреана рерна и печете 20 минути.
  4. Печурките печете ги на малку масло бидејќи така ќе ја сочуваат својата карактеристична арома.

 

Добар апетит!

Поврзани вести на Gotvi.mk

Брзи домашни пирошки со зденка и маслинки

Рецепт за брза даска кога ќе ви се најават гости

Рецепт за 2 брзи соса за чипс и други грицки

Рецепт за брзо мезе за ненајавени гости

Рецепт за највкусни посни и интегрални грисини тука

 

singlepost_text