Преубаво печиво кое им успева на сите!
Состојки:
- 750 гр брашно
- 150 гр путер
- 3 лажици шеќер во прав
- 2 лажички сол
- 1/2 л млеко
- 50 гр свеж квасец
- 1 јајце
- малку сол
Начин на подготовка:
- Згответе го млекото измешано со шеќер во прав и путер. Потоа во таа смеса разматете свеж квасец. Додајте сол и брашно и замесете глатко тесто.
- Од тестото обликувајте 20 јуфки и секоја тенко расечете ја и свиткајте ја во облик на кифла.
- Кифлите редете ги во плех обложен со хартија за печење. Потоа прекријте го плехот со кујнска крпа и оставете да стои 1 час на собна температура.
- Во меѓувреме загрејте ја рерната на 250 степени и пред печење секоја кифла премачкајте ја со разматено јајце со малку сол. Кифлите печете ги 8 минути на 250 степени.
Добар апетит!
ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид
Ремек дело во кујната: Леб од банана
ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси
ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече
За секоја прослава – Тигар торта
ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот