ГОРДОСТ НА СЕКОЈА ДОМАЌИНКА: Компир салата по најпопуларниот рецепт

ГОРДОСТ НА СЕКОЈА ДОМАЌИНКА: Компир салата по најпопуларниот рецепт

Салатата од компири секогаш е добар прилог, но и главен оброк. Има многу верзии на ова вкусно јадење, а ние ви го донесуваме најпопуларниот рецепт!

Состојки:

  • 1 кг компири
  • 1 поголема главица кромид
  • 4 лажици маслиново масло
  • 3 лажици оцет
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Најдобро е компирите да ги обварите во лушпа, ќе бидат многу повкусни. Излупете ги додека се уште се топли, па исечете ги на коцки или кругови, по желба.
  2. Излупениот кромид исечкајте го на тенки парчиња, посолете, побиберете и додајте масло. Нека отстои малку.
  3. Кога компирите ќе бидат готови соединете ги со кромидот. Украсете со свеж магдонос.
  4. Салатата се подготвува од топол компир и веднаш се прелива со масло и оцет разблажен со малку вода.

Добар апетит!

Повеќе ресепти на Готви.мк:

Брз појадок со туна салата

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

ВИДЕО: Домашен рецепт за паштета од туна која се прави за 3 минути

Туна салата со фетучини

Туна салата

Брзо посно предјадење за целото семејство

singlepost_text