БОГАТ ВКУС: Пита со мелено месо, грашок и компир пире

БОГАТ ВКУС: Пита со мелено месо, грашок и компир пире

Богат вкус и вкусни намирници – со оваа брза пита никако нема да останете гладни!

Состојки:

  • 1 главица кромид
  • 1 кг мелено месо
  • 3 моркови
  • 2 шолји грашок
  • 6 дл вода
  • 6 компири
  • 2 говедски коцки
  • сол
  • бибер
  • магдонос

Начин на подготовка:

  1. На малку масло продинстајте ситно сечкан кромид и додајте го месото. Динстајте додека не поприми кафеава боја, па залијте го со вода.
  2. Во месото додајте изрендани моркови, говедска коцка и зачини. Сè измешајте и гответе околу 20 минути. Во меѓувреме згответе компири за пире.
  3. Кога морковите ќе бидат меки и месото ќе биде готово, преместете сè во керамички сад за печење. Додајте грашок, зачинете уште по желба, а на врвот ставете пире од компири.
  4. Прекријте го садот со алуминиумска фолија за компирот да не се исуши, а при крај можете да ја извадите. Печете во рерна на 180 степени околу половина час или додека питата не биде компактна.

 

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

singlepost_text