Сочна баклава без кори

Сочна баклава без кори

Подгответе вкусна и сочна баклава без кори – ќе бидете воодушевени од вкусот на овој десерт!

Состојки:

  • 100 гр мелени ореви
  • 100 гр суво грозје
  • 1 чаша јогурт
  • 1 шолја масло
  • 3 шолји млеко
  • 3 шолји брашно
  • 3 шолји гриз
  • 1 прашок за печиво

Состојки за сируп:

  • 400 гр шеќер
  • 500 мл вода
  • сок од 1 лимон

Начин на подготовка:

  1. Во подлабок сад ставете ореви, суво грозје, јогурт, млеко, брашно, масло, гриз, прашок за печиво и сè лесно и добро измешајте. Ставете ја смесата во намастен плех. Печете во загреана рерна на 180 степени, додека горната страна не добие златна браун боја (околу поливина час). Исечете во саканиот облик.
  2. За сирупот, добро разматете шеќер во вода и додајте сок од еден лимон и оставете да врие 5 минути. Потоа налејте ја баклавата со сируп. Оставете да се излади, а подоцна ставете ја во фрижидер.
  3. Напомена: Ако ја преливате со ладен сируп, баклавата мора да биде жешка – ако ја преливате со врел сируп, баклавата мора да биде ладна.

 

Уживајте!

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки

ВИДЕО: Рецепт за органска маска за длабинска нега на оштетена коса

ВИДЕО: Направете шеќерна паста за депилација

10 „убијци“ на вишокот калории

Диетално: Домашни брускети со домати и маслиново масло (видео)

 

singlepost_text