Рецепт за карамел сладолед (ВИДЕО)

Рецепт за карамел сладолед (ВИДЕО)

Совршено ќе ве разлади и ќе ве заслади. Направете карамел сладолед со неодолив вкус…

Состојки:

  • 4 јајца
  • 250 гр кристал шеќер
  • 1 кесичка ванилин шеќер
  • 300 мл обично млеко
  • 500 мл слатка павлака
  • прстофат сол
  • додатоци по желба

Начин на подготовка:

  1. Испржете 200 гр шеќер да стане карамел, прелијте со 300 мл слатка павлака и гответе додека карамелот не се растопи. Тргнете го садот од оган, измешајте ванилин шеќер и прстофат сол, оставете да се излади. 
  2. Откако првата маса ќе се излади, почнете да ја правите втората, од жолчки. Зовријте млеко и останатата павлака со 50 гр шеќер. Посебно разматете јајца па додајте ги лесно, со мешање во зовриеното млеко. Гответе околу 7 минути со постојано мешање на слаба температура за масата да згусне. 
  3. Спојте ја карамел масата со оваа маса од жолчки, оставете кратко да се излади и ставете во пластичен сад. 
  4. Замрзнете на 2 часа, па измешајте го сладоледот, потоа оставете да се заледи до крај. 
  5. Послужете со додатоци по желба и уживајте!

 

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки

ВИДЕО: Рецепт за органска маска за длабинска нега на оштетена коса

ВИДЕО: Направете шеќерна паста за депилација

10 „убијци“ на вишокот калории

Диетално: Домашни брускети со домати и маслиново масло (видео)

 

singlepost_text