Печени шницли со шампињони

Печени шницли со шампињони

Подгответе вкусен ручек…

Состојки:

  • 4 јунешки шницли
  • 200 мл павлака
  • 5 лажици доматен сос
  • сол
  • бибер
  • мајчина душица
  • 5-6 лажици масло
  • 3-4 лажици брашно
  • 400 гр шампињони
  • 3 листови ловор
  • 10 зрна бибер

Начин на подготовка:

  1. Шницлите исчукајте ги, па посолете ги и побиберете ги по вкус, ставете малку масло и извалкајте ги во брашно. Наредете ги шницлите во огноотпорен сад. 
  2. Во посебен сад измешајте павлака за готвење и доматен сос, посолете по вкус па прелијте преку шницлите. Преку наредете ловор, посипете бибер и мајчина душица. Покријте го садот со фолија и печете во рерна околу 40 минути. Потоа тргнете ја фолијата, од горе наредете печурки, посолете и печете 30 минути. 
  3. Послужете со компир пире или со некој друг прилог по желба.

 

Добар апетит!

Поврзани вести на Gotvi.mk

Брзи домашни пирошки со зденка и маслинки

Рецепт за брза даска кога ќе ви се најават гости

Рецепт за 2 брзи соса за чипс и други грицки

Рецепт за брзо мезе за ненајавени гости

Рецепт за највкусни посни и интегрални грисини тука

 

singlepost_text