Пица со сланина и праз

Пица со сланина и праз

Оваа пица се прави многу лесно…

Состојки:

  • 400 гр брашно
  • 200 гр путер
  • 5 јајца
  • 100 гр рокфор сирење
  • 1,5 кг праз
  • 100 гр рендан кашкавал
  • 400 мл павлака Пекабела
  • 4 лажици крем сирење
  • мускатно оревче
  • 100 гр сланина Пекабеско
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Замесете глатко тесто од брашно, путер сечкан на коцки, 1 јајце и 3-4 лажици млака вода. Замотајте го во фолија и оставете го фрижидер на 30 минути.
  2. Изладеното тесто развлечете го, ставете го во плех обложен со хартија за печење, а на него наредете рокфор сирење.
  3. Загрејте ја рерната на 180 степени. Празот исечкајте го на кругови, бланширајте го во врела солена вода 1-2 минути, исцедете и распоредете го на сирењето.
  4. Измешајте ги останатите состојки (рендан кашкавал, павлака, крем сирење…), смесата прелијте ја на пицата и од горе ставете сланина. Печете 20 минути.

 

Добар апетит!

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

ШАРЕНА, БРЗА, ВКУСНА: Оваа пица нема тесто, не се меси – еве што е тајната

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Најдобар рецепт за домашен чизкејк тука

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта тука

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки

singlepost_text