Брзи домашни форнети со сирење

Брзи домашни форнети со сирење

Направете печиво полнето со сирење во само неколку чекори. Послужете за ужина, доручек…

Состојки:

  • 1/2 коцка квасец
  • 1 рамна лажица шеќер
  • 2,5 дл топло млеко
  • 1 дл вода
  • 600 гр брашно + уште малку за посипување
  • 1,5 лажичка сол
  • 200 гр маргарин
  • ситно сирење за фил
  • 100 гр фета
  • 200 гр крем сирење или друг фил по избор

Начин на подготовка:

  1. Во вангла ставете квасец, шеќер, млеко и измешајте состојките да се стопат. Потоа додајте вода, брашно и во него измешајте сол, па замесете. Оставете го замесеното тесто да стои 15 минути прекриено.
  2. Потоа развлечете, намачкајте маргарин, преклопете како што е прикажано во видеото и оставете да отстои 5-10 минути. Развлечете со сукало, сечете на квадрати со големина која ви одговата, едната страна засечете ја на 3-4 места, а на другата страна ставете сирење, преклопете и притиснето со прсти или вилушка.
  3. Вклучете ја рерната на 220 степени. Ако печете без вентилатор ќе ви биде потребно подолго време форнетите да се испечат и фино да поруменат.

 

Добар апетит!

Повеќе рецепти на Готви.мк:

ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид

Ремек дело во кујната: Леб од банана

Тазе домашен леб

ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси

Домашниот леб на мајче Вера

Полнет запечен леб

ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта

Црно бела торта

singlepost_text