Вкусна е како што изгледа…
Кој сака пита, ќе ја обожава оваа кремаста варијанта со многу шунка и кашкавал.
Состојки:
- 4 големи компири
- 100 гр путер
- 2 јајца
- 100 гр брашно
- 400 гр шунка
- 400 гр кашкавал
- малку сол
- бибер
- малку масло
Начин на подготовка:
- Компирите добро измијте ги па згответе ги во кора. Исчистете ги и додајте путер, јајца, сол и малку бибер, па добро разматете сè како да правите пире. За смесата да згусне, додајте брашно па замесете цврсто тесто. Додајте уште брашно, ако тестото се лепи за раце.
- Потоа во загреана тава ставете малку масло па половина од тестото развлечете го на дното од тавата. Преку тестото наредете шунка и кашкавал, па преку другиот дел од тестото.
- Оставете да се пече на рингла три до четири минути, а потоа превртете од другата страна и печете додека не порумени.
Добар апетит!
Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици
Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво
ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир
Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи