Брза кремаста торта со кајсии и мак

Брза кремаста торта со кајсии и мак

Ова е една одлична комбинација на мак и кајсии – задолжително пробајте ја.

Спојот на состојки е вистински за вкус кој нема да ве остави рамнодушни…

Состојки:

  • 400 гр бисквити
  • 1 кг кајсии
  • 100 гр млеко во прав
  • 100 гр шеќер во прав
  • 100 гр мелен мак
  • 500 мл слатка павлака
  • 1 кесичка желатин (растворен по упатството на кесичката)
  • 2 дл сок од портокал
  • 1 кесичка густин
  • малку вода

Начин на подготовка:

  1. Разматете слатка павлака, додајте шеќер, млеко во прав, мак и растопен желатин. 
  2. Бисквитите потопете ги во сок, наредете ги на калап или тепсија, потоа премачкајте ги со половина од филот, насечкајте кајсии, повторно бисквити, фил, кајсии и од горе прелијте со прелив кој се прави на следниов начин: Згответе две исечкани кајсии со 1 дл сок, и во нив измешајте изматен густин со малку вода. Прелијте преку тортата, оставете до наредниот ден тортата убаво да стегне и послужете.

 

Уживајте!

Повеќе на Готви.мк:

10 „убијци“ на вишокот калории

Диетално: Домашни брускети со домати и маслиново масло (видео)

Диетален појадок што ќе ве држи сити

Рецепт за облоги од ѓумбир кои го топат салото на стомакот

ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки

Како да ослабете според хороскопскиот знак?

singlepost_text