ВКУСНО И ЗДРАВО: Пролетен коктел за зајакнување на имунитетот!

ВКУСНО И ЗДРАВО: Пролетен коктел за зајакнување на имунитетот!

Ви претставуваме здрав, пролетен коктел кој ќе го зајакне вашиот имунитет и ќе го поправи вашето расположение.

Вкусниот коктел од нане ж и сок од грејпфрут е еден од најдобрите начини за вашето тело повторно да го направите силно.

Состојки:

  • 6-8 листови свежо нане
  • 1 црвен грејпфрут
  • 2 раце смрзнати јагоди
  • 1 парче свеж ѓумбир
  • 1 лажичка ванилин шеќер
  • 200 гр вода

Начин на подготовка:

  1. Темпелно измијте ги грејпфрутот и јагодите.
  2. Исечкајте ги јагодите, грејпфрутот и ѓумбирот на парчиња. Измешајте ги сите состојки во блендер.
  3. На крај, кога ќе добиете хомогена смеса, додајте свежо нане.

 

Црвенот грејп е одличен извор на витамин Ц и добар извор на бета каротен, борец против многу болести. Го снижува холестеролот – и содржи влакна кои ќе ве држат сити. Како член на семејството цитруси, грејпот е исто така полн со фитохемикалии како флавоноиди – супстанци кои природно се наоѓаат во овошјето и зеленчукот и учествуваат во превенција од многу оштетувања во организмот. Црвениот грејп содржи и каротеноид ликопен.

Повеќе на Готви.мк:

Чајот од шипка како лек

БРЗО И ЕВТИНО: Отстранете ги непријатните флеки од пот на вашите алишта

Корисен совет: Како да ги освежите и исчистите сунѓерите и џогерот

Дамки од црвено вино на тепихот? Исчистете ги за миг

Направете природен освежувач за воздух – Потребни ви се само 2 работи

ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки

Супер брз и вкусен домашен сос за хамбургер или пилешко