Чоколаден ролат со јагоди: Совршен десерт!

Чоколаден ролат со јагоди: Совршен десерт!

Ако трагате по брз десерт кој ќе го правите за време на летните денови, овој рецепт е за вас…

Состојки за кора:

  • 6 јајца
  • 80 гр брашно
  • 200 гр шеќер
  • 3 лажици какао
  • 100 гр путер

Состојки за фил:

  • 500 гр слатка павлака
  • 100 гр шеќер
  • 200 гр јагоди

Начин на подготовка:

  1. Одвоено разматете жолчки од белки. Потоа во жолчките додајте шеќер и матете додека шеќерот не се растопи. Додајте брашно, какао и путер, а потоа и белки. Кога масата ќе се соедини печете на што поголем четвртаст плех на 200 степени 10 минути.
  2. Слатката павлака разматете ја па додајте шеќер и матете уште 5 минути. Јагодите исечкајте ги на листови или на ситни парчиња. Филувајте ја кората која благо се изладила. Прво ставете разматена павлака преку целата површина, а потоа преку наредените јагоди.
  3. Сè свиткајте во ролат, а преку премачкајте со остатокот од шлаот.
  4. Украсете го ролатот со остатокот од јагоди или со растопено црно чоколадо.

Уживајте!

Повеќе десерти на Готви.мк:

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

ВИДЕО: Брз рецепт за некалоричен сладолед

singlepost_text