Селски уштипци, меки како душа!

Селски уштипци, меки како душа!

Подгответе ги за доручек или вечера и воодушевете го целото семејство.

Има ли нешто поубаво од мирисот на старски уштипци по рецептот на нашите баби?

Нема кој не ги сака, па ако сакате да го соберете семејството на маса, подгответе ги за доручек или вечера.

Состојки:

  • 2 јајца
  • 1/2 кесичка прашок за печиво
  • 250 мл кисела вода
  • 250 мл млеко
  • 1 лажичка сол
  • брашно по потреба

Начин на подготовка:

  1. Измешајте јајца, прашок за печиво, сол, вода и млеко, па додајте онолку брашно за да добиете глатка, еднолична маса, малку погуста од тестото за палачинки.
  2. Со лажица фаќајте тесто така да се формираат уштипци, и спуштајте ги во врело масло или маст. Пржете ги од двете страни, убаво да поруменат.
  3. Послужете ги како солен доручек со сирење, кајмак, павлака или суво месо, а ако сакате од нив направете десерт, преливајќи ги со мед или послужувајќи ги со џем.

Добар апетит!

Прочитај повеќе на Gotvi.mk:

Прочитај повеќе кулинарски совети и трикови ТУКА

Помоќен од вијагра и афродизијак: Две состојки за да бидете ѕвер во кревет

Посно: Палачинки без зејтин

Палачинки за 3 минути

Палачинки со мед и ореви

Американски палачинки по врвен, а едноставен рецепт

Палачинки на кои не можете да им одолеете

Џиновска блага палачинка

singlepost_text