Пикантна крем супа од грашок

Пикантна крем супа од грашок

Ренот и дава посебна пикантност на супата.

Состојки:

  • 450 гр грашок од конзерва
  • 1 веза млад кромид
  • 2 компири
  • 2 лажици путер
  • 1 л супа
  • 150 гр кисела павлака
  • 1-2 лажички рен
  • сол
  • бибер
  • 40 гр солени мини крекери

Начин на подготовка:

  1. Процедете го грашокот. Младиот кромид исечете го на кругови. Излупете ги компирите и исечкајте ги. Загрејте путер во голема тава и пропржете ги кромидот и компирите. На крај додајте грашок и подгрејте го кратко. Налејте супа и крчкајте околу 20 минути.
  2. Измешајте кисела павлака и рен. Одвојте 4 лажици грашок и оставете ги на страна. Испасирајте ја супата, па во неа додајте кисела павлака со рен и сочуваните зрна грашок. Посолете и побиберете по вкус.
  3. Сервирајте посипено со мини крекери.

Добар апетит!

Повеќе Готви.мк рецепти:

Салата со маслинки и кубети

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула

singlepost_text