Колку пушачи има во Македонија? Еве која храна ќе помогне да се одвикнете од цигарите

Колку пушачи има во Македонија? Еве која храна ќе помогне да се одвикнете од цигарите

Институтот за јавно здравје по повод Меѓународниот ден против пушењето (31 Мај) излезе со загрижувачка статистика: 46 проценти од жителите во Македонија се пушачи. Според Институтот, најголемите консументи на тутун се помеѓу 35 и 64 години.

Но, како полесно да се откажете од пушењето со цел да го зачувате вашето здравје, но и да заштедите?

Според едно израелско истражување Омега-3 масните киселини можат да им помогнат на луѓето при откажување од пушење цигари.

Консумирањето на додатоци на исхраната богати со Омега-3 и храна богата со Омега-3 масни киселини помага за намалување на потребите од никотин кај пушачите.

Во истражувањето учествувале 48 пушачи на возраст од 18 до 45 години, кои во текот на еден месец консумирале додатоци во исхраната богати со Омега-3 и на крајот од истражувањето дневно пушеле по две цигари помалку од оние лица кои добивале плацебо.

Прочитај повеќе Gotvi.mk вести:

Неверојатен рецепт со кој може да ги оставите цигарите

Храна која задолжително треба да ја консумираат пушачите

Зошто не смеете да запалите цигара веднаш по јадењето?

Дали знаевте дека ЛИМОНОТ е поефикасен од никотински фластери за одвикнување од пушење?

Никотинот го убива телото – исчистете се со овие намирници

singlepost_text