ВКУСНИ ЈАГОДИ: Слаткото овошје во неодолив џем без шеќер и конзерванс

ВКУСНИ ЈАГОДИ: Слаткото овошје во неодолив џем без шеќер и конзерванс

Јагодите, освен свежи, неодоливи се и во џем.

Пробајте го овој рецепт за домашен џем од јагоди, кој не содржи ниту шеќер, ниту конзерванси, а толку лесно се прави што ќе успеат и почетниците во кујна.

Состојки:

  • 1 кг јагоди
  • 60 мл сок од лимон
  • 3 лажички изрендана кора од лимон
  • 70 гр мед

Начин на подготовка:

  1. Исчистените јагоди иситенете ги или испасирајте ги, а потоа ставете ги во подлабок сад.
  2. Додајте ги останатите состојки: изрендана кора од лимон, сок од лимон и мед. Добро измешајте и ставете да се готви на средно силен оган со често мешање.
  3. Кога смесата е доволно густа, односно кога ќе се појават балончиња, после од прилика 45 минуити готвење, џемот е готов. Откако џемот ќе се излади веќе е подготвен за консумација.
  4. Џемот чувајте го на студено место, а можете да го консумирате до 2 недели.

Повеќе рецепти на Готви.мк:

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

ВИДЕО: Брз рецепт за некалоричен сладолед

singlepost_text