Ролни со крем од јагоди, сирење и нане (ВИДЕО)

Ролни со крем од јагоди, сирење и нане (ВИДЕО)

Ќе ве воодушеви комбинацијата од јагоди, нане и крем сирење…

Состојки за тесто:

  • 2 јајца
  • 30 гр квасец
  • 600-700 гр брашно
  • 3 дл топло млеко
  • 1 лажица шеќер
  • 1 лажичка сол
  • 200 гр путер или маргарин

Состојки за овошен фил:

  • 300 гр јагоди
  • 100 гр шеќер
  • 1-2 лажици густин
  • 4 лажици вода
  • 2 листови свежо нане

Состојки за прелив:

  • 200 гр крем сирење
  • 200 мл слатка течна павлака
  • 100 гр шеќер во прав

Начин на подготовка:

  1. Јагодите исечкајте ги и згответе ги со шеќер. Посебно разматете густин со вода и додајте го во јагодите. Гответе додека не згусне, исечкајте нане и оставете да се лади.
  2. За тоа време замесете го тестото. Во вангла ставете квасец, млеко, шеќер, путер, јајца. Измешајте, додајте брашно и сол па месете додека не се формира тесто. Оставете да стои 30 минути па развлечете во голем круг.
  3. Измешајте ги состојките за прелив.
  4. На тестото намачкајте фил од јагоди и сосема по малку пропрскајте со преливот. Свиткајте го, сечете ролни и наредете ги во тепсија, па печете ги во загреана рерна на 220 степени. Печените и уште врели ролни прелијте ги со останатиот прелив и вратете ги во врела, исклучена рерна.

Уживајте!

Повеќе десерти на Готви.мк:

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

ВИДЕО: Брз рецепт за некалоричен сладолед