Кебаб по рецептот на Бали-бег: Ова е тајната на неговото омилено јадење!

Кебаб по рецептот на Бали-бег: Ова е тајната на неговото омилено јадење!

Еве како да го подготвите омиленото јадење на турскиот актер Бурак Озчивит, попознат како Бали-бег од серијата „Султан Сулејман“.

Состојки:

  • 500 гр јагнешко месо од бут
  • 125 гр внатрешен лој
  • пипер
  • бибер
  • сол
  • 1-2 чешниња лук

Начин на подготовка:

  1. Месото исчистете го од жили и исечкајте го многу ситно, да биде како крупно мелено. На ист начин исечете го и салото. Месото и салото измешајте ги, додајте сол, пипер, бибер и лук, па месете десетина минути. 
  2. Месото покријте го со фолија и оставете го во фрижидер да одмори преку ноќ. Во случај да немате толку време, нека стои најмалку еден час. 
  3. Месото потоа уште еднаш добро измесете го, па од него вадете парчиња со големина на јајце и ставајте ги на дрвени ражничи. Така подготвени ставете ги во фрижидер до употребата, а можете да ги печете на скара или на тефлон. 
  4. Сервирајте ги топли, со цвекло, салата од пржен кромид, кисело млеко, краставици…

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо