Крцкави полнети млади компирчиња од рерна (ВИДЕО)

Крцкави полнети млади компирчиња од рерна (ВИДЕО)

Ручекот никогаш не бил повкусен!

Состојки:

  • 600 гр млад компир
  • масло
  • бибер
  • лута пипер
  • зачин
  • сол
  • рузмарин
  • мајчина душица
  • 150 гр сува сланина
  • рендан кашкавал

Начин на подготовка:

  1. Младите компири со приближно иста големина исчистете ги, па секој прободете со голема жица за скара или можеби дрвени стапчиња за месо за скара. Прободете ги малку пониско, не на средината, потоа со нож исечете листови по компирите сè додека ножот не удри во стапчето.
  2. Во чинија ставете малку масло, додајте зачини и со тоа намачкајте ги компирите, а потоа помеѓу резовите ставете сува сланина. Кога ќе ги наполните наредете ги во плех во кој сте ставиле хартија за печење и посипете ги компирите со пармезан.
  3. Прекријте ги со фолија и печете ги на 220 степени околу 30 минути, потоа отстранете ја фолијата и печете на 200 степени околу 10-15 минути убаво да поруменат.

Добар апетит!

Повеќе ресепти на Готви.мк:

Брз појадок со туна салата

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

ВИДЕО: Домашен рецепт за паштета од туна која се прави за 3 минути

Туна салата со фетучини

Туна салата

Брзо посно предјадење за целото семејство

singlepost_text