Освежувачка салата со тиквици

Освежувачка салата со тиквици

Ако ви здосадија стандардните салати кои постојано ги правите, еве одлична идеја – подгответе освежувачка салата со тиквици.

Состојки:

  • 1 поголема тиквица
  • 1 чаша павлака
  • 1 лажица мајонез
  • сол по вкус
  • 1 лажица копар

Начин на подготовка:

  1. Тиквицата исчистете ја и исечете ја на мали коцки. Налијте со вода, посолете по вкус и гответе на лесен оган додека не омекне. Процедете и оставете најмалку 1 час да излезе вишокот течност.
  2. Тиквицте измешајте ги со павлака, мајонез и додајте сув копар. Декорирајте со свеж копар и добро разладете.
  3. Уживајте во прекрасниот освежувачки вкус!

Повеќе ресепти на Готви.мк:

Брз појадок со туна салата

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

ВИДЕО: Домашен рецепт за паштета од туна која се прави за 3 минути

Туна салата со фетучини

Туна салата

Брзо посно предјадење за целото семејство