Млад кромид во тегла

Млад кромид во тегла

Овој рецепт не го пропуштајте, на вашите полици нека се најде и по некоја тегла со млад кромид.

Фантастичен вкус, може да се послужи со разни јадења, за правење намази, за готвење…

Состојки за две тегли од по 1 кг:

  • 30 парчиња млад кромид
  • 3 дл оцет
  • 2 дл вода
  • 5-6 зрна бибер
  • 2 лажички шеќер
  • 2 лажички сол
  • малку копар

Начин на подготовка:

  1. Сите состојки, освен кромидот, згответе ги и оставете го сирупот да се излади.
  2. Добро измијте го кромидот и отстранете го поголемиот зелен дел, наредете го во теглите и прелијте го со сирупот. Добро затворете и оставете до наредниот ден да стои и добро да се излади.
  3. Потоа чувајте во фрижидер до месец дена.
  4. Ако правите за зима, за шпајз, направете пастеризација или ставете многу малку конзерванс.
  5. Кромидот можете да го користите после две недели од подготовката.

Повеќе на Готви.мк:

Чајот од шипка како лек

БРЗО И ЕВТИНО: Отстранете ги непријатните флеки од пот на вашите алишта

Корисен совет: Како да ги освежите и исчистите сунѓерите и џогерот

Дамки од црвено вино на тепихот? Исчистете ги за миг

Направете природен освежувач за воздух – Потребни ви се само 2 работи

ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки

Супер брз и вкусен домашен сос за хамбургер или пилешко

singlepost_text