Похован свински врат со трапист

Похован свински врат со трапист

Ако немате идеја за ручек, направете похован свински врат во комбинација со трапист сирење. Ќе бидете воодушевени од вкусовите!

Состојки:

  • 4 парчиња свински врат без коски
  • 200 гр презла
  • 150 гр трапист сирење
  • 200 гр брашно
  • 2 јајца
  • 2 лажици мешавина од зачини
  • масло за пржење
  • сол
  • мелен црн бибер

Начин на подготовка:

  1. Парчињата свинско месо исчукајте ги, посолете, побиберете и зачинете со мешавина од зачини.
  2. Во длабок сад разматете јајца. Во садот со презла крупно изрендајте трапист и измешајте.
  3. Парчињата свински врат побрашнете ги од двете страни, извалкајте ги во разматени јајца и облепете ги со мешавина од презла и трапист.
  4. Испржете го месото на поголема количина загреано масло.
  5. Кога месото ќе порумени, парчињата ставајте ги на чинија обложена со хартиени салфети.
  6. На чинија за сервирање степенасто наредете  ги парчињата свински врат, па од горе ситно нарендајте трапист. Декорирајте со ситно изрендан морков и парчиња лимон.
  7. Послужете со компир пире.

Добар апетит!

Прочитај Gotvi.mk рецепти:

Супер брз и вкусен домашен сос за хамбургер или пилешко

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки

Кинеска кујна: Како да зготвите брокула со пилешко

Шарена тава со зеленчук и пилешко

Пилешко во кари сос

Пилешко со паста и песто сос

Одличен рецепт – Потпечено мешано месо со печурки