БРЗА ЛЕТНА ТОРТА БЕЗ ЈАЈЦА: Разматете, заледете и уживајте!

БРЗА ЛЕТНА ТОРТА БЕЗ ЈАЈЦА: Разматете, заледете и уживајте!

Само за оние домаќинки кои не сакаат да губат време со вклучување рерна…

Совршена овошна торта, а така лесно се прави. Без вклучување на рерна, матење јајца и размислување дали тестото ќе нарасне. Само разматете и заледете и уживајте!

Состојки:

  • 600 гр мелени бисквити
  • 250 гр + 12 лажици шеќер во прав
  • 2 маргарина
  • 2 дл газиран сок од портокал
  • 4 чаши кисела павлака
  • 500 гр јагоди
  • 200 гр шлаг
  • 2 дл млеко или кисела вода

Начин на подготовка:

  1. Замесете мелени бисквити со 250 гр шеќер во прав, 1 маргарин и газиран сок од портокал. Ставете ја подлогата на четвртаста тацна.
  2. Разматете 1 маргарин со 12 лажици шеќер во прав, додајте кисела павлака и кратко измешајте да се соедини.
  3. Половина од филот нанесете на подлогата од бисквити, наредете сечкани јагоди, па другата половина фил. Оставете во фрижидер околу половина час да стегне. Разматете шлаг со млеко или кисела вода, па украсете ја тортата.

Послужете и уживајте!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

 

singlepost_text