БРЗА ШТРУДЛА ОД ОРЕВИ: Нема чекање, се пече веднаш!

БРЗА ШТРУДЛА ОД ОРЕВИ: Нема чекање, се пече веднаш!

Нека куќата ви замириса на убаво топло тесто…

Нема чекање тестото да нарасне… Оваа штрудла е толку популарна токму заради тоа што се замесува, се развлекува и веднаш се пече.

Состојки:

  • 200 мл јогурт
  • 400-500 гр брашно
  • 1 ванилин шеќер
  • 2 лажици кристал шеќер
  • 1 прашок за печиво
  • 50 гр путер, растопен
  • јајце за премачкување

Состојки за фил:

  • 300 гр ореви
  • 200 мл млеко
  • 4 лажици шеќер

Начин на подготовка:

  1. Растопете путер, додајте јогурт, ванилин шеќер и шеќер. Додавајте брашно (измешано со прашок за печиво)… малку по малку. Можеби и нема да ви требат 500 гр.
  2. Доволно е да добиете маса која нема да се лепи за раце. Ако имате време оставете го 15 минути да отстои, а ако не веднаш развлечете, премачкајте и свиткајте штрудла.
  3. Филот направете го така што во топло млеко ќе измешате мелени ореви и шеќер па со таа смеса ќе ја премачкате штрудлата. Печете на 200 степени околу половина час (можеби и подолго, зависи од рерната).
  4. Жешката штрудла посипете ја со шеќер во прав. Уживајте!

Повеќе десерти на Готви.мк:

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

ВИДЕО: Брз рецепт за некалоричен сладолед

singlepost_text