ЈАГНЕШКО ВО РЕРНА: Сочно и вкусно како под сач!

ЈАГНЕШКО ВО РЕРНА: Сочно и вкусно како под сач!

Совршен Велигденски ручек за целото семејство…

Следете ги овие чекори и за Велигден ќе добиете сочно и меко јагнешко месо испечено во рерна. Водете сметка дека јагнешкото бара подолго печење.

Состојки:

  • 1,5 кг јагнешко месо
  • 100 мл масло
  • 400 мл бело вино
  • 500 мл вода
  • 1/2 праз
  • 3 средни главици кромид
  • 1 главица лук
  • 2 моркови
  • 1,2 кг компири
  • сол
  • пипер
  • рузмарин
  • магдонос
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Јагнешкото прво добро посолете го, а потоа наредете го во тепсија. Потоа додајте компири, праз, лук, моркови и кромид.
  2. Налијте со вода, масло и вино, додајте зачини па сè убаво измешајте.
  3. Печете најмалку два часа во загреана рерна на 200 степени. Првите час време тепсијата покријте ја со фолија.

Прочитај Gotvi.mk рецепти:

Супер брз и вкусен домашен сос за хамбургер или пилешко

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки

Кинеска кујна: Како да зготвите брокула со пилешко

Шарена тава со зеленчук и пилешко

Пилешко во кари сос

Пилешко со паста и песто сос

Одличен рецепт – Потпечено мешано месо со печурки