СОЛЕН СПЕЦИЈАЛИТЕТ: Мортадела бомбици

СОЛЕН СПЕЦИЈАЛИТЕТ: Мортадела бомбици

Ако сакате вкусно мезе, ви нудиме мортадела бомбици кои имаат фантастичен вкус, а ќе ви послужат за секоја пригода, особено за гости.

Состојки:

  • 200 гр Пекабеско мортадела
  • 100 гр средина на леб
  • 2 шолји млеко
  • 2 лажици рендан пармезан
  • 1 јајце
  • сол
  • бибер
  • презла
  • масло

Подготовка:

  1. Се сече средината од леб на коцки, се става во длабок сад и се става млеко. Коцките треба да впијат млеко.
  2. Јајцето се става во друг сад со пармезанот, мортаделата ситно сечена, бибер и сол.
  3. Лебот се цеди и се става во мешавината, па со раце се обликуваат топчиња.
  4. Се валкаат во презла и се пржат на тава со масло додека не заруменат.

Повеќе на Gotvi.mk:

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки

Кинеска кујна: Како да зготвите брокула со пилешко

Рецепт за облоги од ѓумбир кои го топат салото на стомакот

10 „убијци“ на вишокот калории

Ако појадувате ќе ослабете и ќе го забрзате метаболизмот – Еве како

Како да ослабете според хороскопскиот знак?

Хороскопските знаци и храната – што треба да јадете, а која храна да ја избегнувате

 

 

 

 

singlepost_text