ДОМАШЕН ДОРУЧЕК: Најбрзите уштипци на светот

ДОМАШЕН ДОРУЧЕК: Најбрзите уштипци на светот

Кој не сака да го започне утрото со уштипци? Ви донесуваме рецепт за наједноставните уштипци на светот, пробајте!

Состојки:

  • 300 гр брашно
  • 400 мл млеко
  • 2 јајца
  • 1 лажичка сол
  • капка оцет
  • масло

Начин на подготовка:

  1. Просејте ги брашното и солта, и во сад во кој ќе ги замесите уштипците, направете „прстен“ од брашно.
  2. Додајте млеко во „прстенот“ и полека мешајте со лажица за матење јајца. Додајте едно по едно јајце и потоа замесете сè со миксер.
  3. На крај додајте капка оцет бидејќи уштипците ќе бидат помалку масни.
  4. Загрејте масло во тава и со лажица ставајте од смесата во маслото, пржете од секоја страна по минута-две (додека не добијат златна боја).
  5. Извадете ги на хартиена салфета која ќе ја впие маснотијата.

Добар апетит!

Прочитај повеќе на Gotvi.mk:

Прочитај повеќе кулинарски совети и трикови ТУКА

Помоќен од вијагра и афродизијак: Две состојки за да бидете ѕвер во кревет

Посно: Палачинки без зејтин

Палачинки за 3 минути

Палачинки со мед и ореви

Американски палачинки по врвен, а едноставен рецепт

Палачинки на кои не можете да им одолеете

Џиновска блага палачинка

singlepost_text