Совршен трик за печено пиле: Дури и белото месо е сочно и вкусно!

Совршен трик за печено пиле: Дури и белото месо е сочно и вкусно!

Печеното пиле е гастрономско уживање на кое се радува целото семејство. Како би го искористиле секое парче, направете ја оваа маринада!

Белото месо често е суво и за многумина не е најомилен избор. Сепак, ако знаете како да го подготвите, месото ќе ја задржи својата сочност.

Подгответе маринада со која ќе го премачкате месото за сочно, вкусно и крцкаво доживување.

Состојки:

  • 1/2 шолја мед
  • малку вода
  • 1 лажичка црвен пипер
  • 2 лажици јаболков оцет
  • 1,5 лажичка сол
  • 1 лажичка црн бибер

Начин на подготовка:

  1. Загрејте ја рерната, измешајте ги состојките и ставете во рерна додека смесата не се загрее, односно, додека не се појават меурчиња на површината. 
  2. Извадете и оставете на страна. Месото посолете го и побиберете го и ставете го на лим или хартија за печење. 
  3. Премачкајте го месото со подготвената маринада. Печете го месото околу половина час, а потоа повторно премачкајте. Оставете да се пече уште десетина минути додека месото не биде готово, а кога ќе биде подготвено за сервирање, премачкајте го уште еднаш со маринада пред послужување.

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

10 „убијци“ на вишокот калории

Диетален појадок што ќе ве држи сити

Рецепт за облоги од ѓумбир кои го топат салото на стомакот

ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки

Како да ослабете според хороскопскиот знак?

Хороскопските знаци и храната – што треба да јадете, а која храна да ја избегнувате

Кое е омиленото јадење на принцот Чарлс?

singlepost_text