По рецептот на Џејми Оливер: Брзо, вкусно и крцкаво тесто за пица

По рецептот на Џејми Оливер: Брзо, вкусно и крцкаво тесто за пица

Кога ќе подготвите еднаш пица со вакво тесто, веќе никогаш нема да се враќате на стариот начин!

Состојки:

  • 1 кг бело брашно
  • 200 гр фино мелено гриз брашно
  • 1 лажичка морска сол
  • 2 х 7 гр сув квасец
  • 1 лажица кафеав кристал шеќер
  • 4 лажици екстра девствено маслиново масло

Начин на подготовка:

  1. Просејте брашно и сол на чиста работна површина и направете дупка во средината.
  2. Во бокал, измешајте квасец, шеќер и масло во 650 м млака вода и оставете да отстои неколку минути, а потоа ставете ја во вангла.
  3. Користејќи вилушка, додавајте брашно постепено и измешајте го во течноста. Мешајте додека масата не се соедини. Месете додека не добиете глатка, еластична текстура.
  4. Ставете го тестото во голема чинија. Покријте го садот со влажна крпа и оставете да отстои на собна температура околу 1 час додека смесата не се дуплира.
  5. Сега извадете го тестото и месете додека не истисне целиот воздух. Можете веднаш да го користите или да го чувате во замрзнувач.
  6. Ако го користите веднаш, поделете го тестото во онолку топчиња колку што сакате пици – оваа количина е доволна за околу шест до осум средни пици.
  7. Пред печење, развлеченото тесто премачкајте го со маслиново масло.

Повеќе вести на Готви.мк:

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Најдобар рецепт за домашен чизкејк тука

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта тука

Повеќе рецепти за десерти тука

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки

 

singlepost_text