ПИВО ДИЕТА ГО ОСВОЈУВА СВЕТОТ: Слабејте додека се освежувате!

ПИВО ДИЕТА ГО ОСВОЈУВА СВЕТОТ: Слабејте додека се освежувате!

Пивото е еден од најомилените алкохолни пијалаци низ светот, па неговите љубители често го нарекуваат намирница, односно храна.

Уште од пред многу години се препорачува конзумирање пиво во умерени количини, што е добро за здравјето и слабеењето, но дали некогаш сте слушнале за таканаречената пивска диета? Таа, за чудо, потекнува од Франција, земја на виното, но сигурно ќе им се допадне на љубителите на пиво.

100 гр пиво содржи од прилика околу – 3,6 отсто јаглехидрати, 0,46 протеини и мноштво витамини и минерали – фосфор, магнезиум, калциум, железо, цинк, флуор и селен, витамини Б комплекс, ниацин, витамин Б6, пантотенска киселина, рибофлавин и фолна киселина, пренесе IndexFit.

Ако пивото кое го сакате во просек има околу 170 калории, а дневниот внес на калории не смее да биде поголем од 2.000-2.200, тогаш пиво диетата вели: 4 до 5 пива во текот на денот = 1.000 калории. Остатокот од дозволениот внес калории едноставно заменете го со храна, односно задолжително со пивотот грицкајте месо и леб.

Исто така, се препорачува помеѓу оброците да се пие доста вода и да се јаде доста зеленчук и овошје.

Иако оваа диета можеби звучи премногу добро, најдобар совет ќе ви дадат нутриционистите и лекарите. Прашајте ги дали смеете да применувате ваква необична диета, бидејќи сепак се работи за алкохолен пијалак.

Повеќе на Готви.мк:

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула

singlepost_text