Крофни од рерна кои ќе ги обожавате!

Крофни од рерна кои ќе ги обожавате!

Сега малку поинакви крофни, но подеднакво вкусни!

Ќе нараснат големи и без пржење во длабоко масло.

Состојки:

  • 1/2 коцка свеж квасец
  • 1 кесичка ванилин шеќер
  • 2 јајца
  • прстофат сол
  • 70 гр растопен путер
  • 125 мл млака вода
  • 125 мл млако млеко
  • 550 гр брашно
  • 55 гр путер за премачкување

Начин на подготовка:

  1. Квасецот измешајте го со брашно и ванилин шеќер. Додајте јајца, вода, млеко и растопен путер, па замесете фино меко тесто. Тестото оставете го да се дуплира.
  2. Потоа тестото растегнете го не баш тенко, малку подебело, па со чаша вадете кругови.
  3. Во тепсија ставете хартија за печење и премачкајте ја со растопен путер. Исто така и секоја крофна премачкајте ја со растопен путер од горе.
  4. Оставете ги крофните во тепсија да надојдат. Потоа печете ги во загреана рерна на 250 степени околу 20 минути.
  5. Жешките крофни премачкајте ги со путер и посипете ги со шеќер.
  6. Од страна со шприц избушете дупчиња и наполнете ги со џем или крем.

Уживајте!

Повеќе поврзани вести на Готви.мк

Ќе ве врати во детството: Омилениот десерт на сите генерации

Десерт готов за 20 минути

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

ВИДЕО: Брз рецепт за некалоричен сладолед

Пудинг од ориз

Чоколадна баклава

singlepost_text