СОВРШЕН ДОРУЧЕК: Меки уштипци од рерна без масло!

СОВРШЕН ДОРУЧЕК: Меки уштипци од рерна без масло!

Ова убаво јадење може да биде совршен доручек, но и брза вечера…

Брзо се подготвуваат, а идеални се со јогурт, павлака или кечап.

Состојки:

  • 5 средни компири
  • 2 моркови
  • 150 гр гауда
  • 2 лажици ситно сечкан магдонос
  • 2 јајца
  • 50 гр растопен путер
  • 1 лажичка чили во прав
  • 1/2 лажичка бибер
  • 1 рамна лажица сол

Начин на подготовка:

  1. Изрендајте сирење и моркови. Ситно исечкајте магдонос. Компирите излупете ги, изрендајте ги и ставете ги во студена вода да не поцрнат. Процедете ги компирите, па соединете ги со морковите, сирењето, магдоносот и јајцата.
  2. Додајте зачини (сол, чили, бибер), сè добро измешајте да се соедини. Растопете путер па измешајте го во смесата.
  3. Во плех обложен со хартија за печење формирајте залаци од компири.
  4. Печете во загреана рерна на 180 степени Целзиусови околу 35 минути. Плехот ставете го прво долу како би се фатила кора, а потоа подигнете го на средина од рерната.

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

Нема веќе стоење до шпорет – Колач без печење, совршен за горештините

Чоколадно чудо: Брз и вкусен колач со едно јајце

Најбрзиот колач на светот: Измешајте брашно и сладолед и ќе добиете колач за 5 минути

ВИДЕО: Трикови за печење колачиња кои ќе ги пробате веднаш

Овошен колач со јагоди

Колач со печени јаболка

singlepost_text