Вариво со тестенина и печурки

Вариво со тестенина и печурки

Вкусната супа со тестенина и печурки годи во секое годишно доба!

Состојки:

  • 200 гр шпагети (или други тестенини)
  • сол
  • 1,2 супа од зеленчук
  • 1 главица кромид
  • 300 гр шампињони
  • 2 лажици масло
  • 1 лажица соја сос
  • 2 лажици вино
  • 50 гр грашок
  • 100 гр моркови
  • млад кромид
  • 1 лажичка мелен ѓумбир

Начин на подготовка:

  1. Тестенината згответе ја во солена вода по упатството на кесичката. Процедете, па распоредете ја на чинии за супа.
  2. Ставете ја супата да се вари, па малку супа прелијте преку тестенините. Остатокот оставете го на страна.
  3. Исчистете главица кромид, исечете ја на коцки. Печурките исечете ги на ленти. Загрејте масло на тава, па на него издинстајте го кромидот. Додајте ги печурките и мешајте. Зачинете со соја сос. Оставете да се готви.
  4. Преполовете го грашокот, а морковите и младиот кромид исечете ги на кругови. Уште еднаш сварете ја супата. Додајте ги испржените печурки, ѓумбирот, грашокот, морковите, па се заедно гответе неколку минути.
  5. Со супата прелите ги тестенините и посипете со кругови млад кромид.

Послужете и уживајте!

Повеќе рецепти на Готви.мк:

Зеленчукова супа

Крем супа од моркови

Телешка супа со куркума и брокула

Мисиркина супа со јајце

Пролетна супа

Јагнешка чорба по традиционален рецепт

Крем чорба од тиква и компири

 

singlepost_text