ПИЈАНО КАФЕ: Ќе ви го помати умот

ПИЈАНО КАФЕ: Ќе ви го помати умот

Необично, вкусно и неверојатно заразно. Стрпливо ќе ги чекате слободните денови за да пиете вакво кафе.

Уживајте во слободното време со омилениот пијалак за многумина, подготвен на малку поинаков начин  – смрзнат и со виски!

Состојки за 2 шолји:

  • црно кафе изладено
  • 300 мл слатка павлака
  • 80 мл ирско виски
  • 1 табла чоколадо, растопено

Начин на подготовка:

  1. Ставете го црното кафе во калапи за мраз и замрзнете го во фрижидер. На ист начин замрзнете и 200 мл слатка павлака. Останатата павлака разматете ја и оставете ја на страна.
  2. За да подготвите една шолја вакво кафе, земете 4 коцки смрзнато кафе и ставете ги во блендер, додајте 40 мл виски и блендирајте додека смесата не стане воздушна. Додајте во блендер 2 коцки заледена слатка павлака и една лажица чоколадо.
  3. Ставете ја напивката во шолја, преку ставете малку разматена слатка павлака и посипете со изрендано чоколадо.

Уживајте!

Повеќе десерти на Готви.мк:

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

ВИДЕО: Брз рецепт за некалоричен сладолед

singlepost_text