ЛЕСЕН РУЧЕК: Полнети пиперки на грчки начин – вкус на Медитеранот!

ЛЕСЕН РУЧЕК: Полнети пиперки на грчки начин – вкус на Медитеранот!

Сакате лесен ручек без месо во кој ќе уживате? Ова е вистинскиот рецепт за вас…

Состојки:

  • 6 печени пиперки
  • 1 шолја фета сирење
  • 1/4 шолја грчки јогурт
  • 2 лажици сечкан магдонос
  • 1/4 лажичка сол
  • 2 сечкани чешниња лук
  • 2 лажици сок од лимон
  • 1 лажица маслиново масло

Начин на подготовка:

  1. Измешајте го сирењето со јогурт. Додајте магдонос, сол и лук.
  2. Наполнете ги пиперките со оваа мешавина.
  3. Во посебен сад измешајте сок од лимон и маслиново масло, па прелијте ги пиперките со таа течност пред послужување.

Добар апетит!

Повеќе рецепти на Готви.мк

ВИДЕО: Брзи готварски трикови за совршени тестенини

Направете домашен песто сос со тестенини

Совет: Не ја фрлајте, искористете ја водата во која варите тестенини

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

ВИДЕО: Шпагети aлполи

Италијанско предјадење за цело семејство

Ориентални шпагети

Медитерански фусили

Јуфки трио формаџо