Не мора посебно да се објаснува зошто овој вкусен темен колач се вика „Африка“. Изгледа интересно и моќно, а таков е и вкусот. Што е најважно, се прави многу брзо, и тоа од лесно достапни состојки.
Состојки за тесто:
- 1 л млеко
- 350 гр шеќер
- 250 мл масло
- 6 лажици бршно од рогач
- 17 лажици брашно
- 2 кесички прашок за пециво
Состојки за прелив:
- 100 гр чокоадо за готвење
- 2 лажици какао
- 4 лажици шеќер
- 200 мл млеко
- 100 мл рум
Начин на подготовка:
- Во подлабок сад ставете млеко, шеќер, масло, брашно од рогач, прашок за пециво и брашно. Мешајте со жица се додека смесата не се соедини. Премачкајте правоаголна тепсија со маргарин и ставете ја сместа.
- Печете 30 минути на 180 степени. За тоа време подгответе го преливот – во тенџере ставете 200 мл млеко, 4 лажици шеќер, рум и какао. Загревајте на шпорет и додајте чоколадо искршено на парчиња.
- Гответе додека чоколадото и шеќерот не се растопат и оставете преливот да се излади. Извадете ја тепсијата од рерна и исечете го колачот на коцки. Пречијте го колачот и по желба изрендајте чоколадо од горе.
Уживајте!
Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега
Ќе ве врати во детството: Омилениот десерт на сите генерации
Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома