Најбрзиот ручек на светот: За сите оние на кои им здосади готвењето!

Најбрзиот ручек на светот: За сите оние на кои им здосади готвењето!

Не сакате да одите по ресторани, не купувате брза храна, но веќе не можете ниту да готвите? Овој рецепт е совршен за вас!

За овој рецепт потребно ви е едно тенџере. Така, освен што јадењето се подготвува многу брзо, потоа нема да имате ниту многу садови за миење.

Состојки:

  • 3 лажици маслиново масло
  • 4 чешниња лук
  • 1 главица кромид, сечкан
  • 800 мл конзервиран домат
  • 1 рака свеж босилек
  • 500 гр тестенина по желба
  • 4 шолји вода (960 мл)
  • 100 гр рендан кашкавал
  • сол
  • бибер
  • пипер

Начин на подготовка:

  1. Во голем сад загрејте масло, па на него продинстајте го кромидот и лукот. Додајте ги останатите состојки, прелијте со четри шолји вода, ставете зачини, посолете и почекајте да зоврие.
  2. Откако ќе зоврие, продолжете со готвење онолку колку што пишува на пакувањето на тестенините.
  3. Кога ќе биде готово, не треба ништо да се цеди, бидејќи тестенината ќе ја впие течноста, а пастата ќе биде подготвена за послужување.
  4. Додајте рендан кашкавал и уживајте во брзиот ручек.

Повеќе вести на Готви.мк

Брз појадок со туна салата

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

ВИДЕО: Домашен рецепт за паштета од туна која се прави за 3 минути

Туна салата со фетучини

Туна салата

Брзо посно предјадење за целото семејство

singlepost_text