Посен качамак со кромид: Млечниот додаток нема да ви недостасува!

Посен качамак со кромид: Млечниот додаток нема да ви недостасува!

Ако постите на вода ви предлагаме да пробате малку поинаков качамак – млечните додатоци воопшто нема да ви недостасуваат!

Состојки:

  • 500 гр пченкарно брашно
  • 2 главици кромид
  • 1 л вода
  • прстофат сол

Начин на подготовка:

  1. Во литар посолена вода која врие полека додајте половина килограм пченкарно брашно. Додека го додавате брашното непрекинато мешајте, за да не се создадат грутки.
  2. Кога брашното добро ќе се зготви на тивок оган (околу 20 минути), оставете го на топла рингла да крчка уште околу половина час. Кромидот исечкајте го, продинстајте го на малку вода додека не омекне, и малку посолете го.
  3. Ставете го качамакот во чинија, а преку ставете лажица од подготвениот кромид и послужете.

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

Десерт готов за 20 минути

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула

Топ 10 највкусни Gotvi.mk рецепти со печурки

singlepost_text