Бомбици со чоколаден пудинг и рум

Бомбици со чоколаден пудинг и рум

Слатки залаци со посебна арома…

Состојки:

  • 1 жолчка
  • 60 гр шеќер во прав
  • 4 лажички рум
  • 50 гр путер
  • 2 кесички пудинг од чоколадо
  • шеќер во прав или сечкани ореви за посипување

Начин на подготовка:

  1. Измешајте ја жолчката со шеќер во прав и рум, и гответе на пареа. Кога ќе згусне, тргнете од оган, но продолжете со мешање додека смесата не се излади.
  2. Додајте путер и пудинг во прав, замесете тесто и потоа ставете го на студено место да отстои околу 15 минути.
  3. Обликувајте топчиња, извалкајте ги во шеќер во прав или сечкани ореви и оставете ги да се исушат.

Послужете и уживајте!

 

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

 

singlepost_text