АКО СТЕ ЉУБИТЕЛ НА БАНАНИ: Морате да ги прочитате овие 7 работи!

АКО СТЕ ЉУБИТЕЛ НА БАНАНИ: Морате да ги прочитате овие 7 работи!

Бананата е популарно тропско овошје, богато со хранливи материи кои можат да излечат бројни болести и состојби. Нејзиниот плод се смета за суперхрана поради своите неверојатни лековити својства и треба да стане дел од вашата секојдневна исхрана.

Може да ви помогне во борба против утринска мачнина, остеопороза, депресија, дијабетес и рак ба бубрезите. Познато е дека ги подобрува мозочните функции. Ви донесуваме седум причини зошто треба да јадете банани:

Превенција од рак на бубрези

Бананите ја подобруваат апсорбцијата на калциум во телото и спречуваат настанување бубрежен камен, што може да спречи рак на бубрезите. Ќе ви ги подобрат и вашите коски и заби, а ќе ви го заштитат и видот.

Крвен притисок

Одржувањето ниско ниво на натриум е важно за намалување на крвниот притисок, но еднакво е важен и внесот на калиум. Бананите се богати со калиум, а содржат добро ниво протеини и диетални влакна.

Астма

Истражувањето кое го спровел Imperial College of London открило дека децата кои јаделе само по една банана дневно имале 34 отсто помали шанси за развивање астма.

Дијабетес

Студиите покажале дека дијабетичарите тип 1 кои на се на диета богата со влакна имаат пониско ниво глукоза во крвта, а дијабетичарите тип 2 со таквата прехрана го подобриле шеќерот во крвта, липидите и нивото на инсулин. Една средна банана има околу три грама влакна.

Здравје на срцето

Влакната, калиумот, витамините Ц и Б6, кои се наоѓаат во банана, се важни за поддршка на здравјето на срцето. Јадењето банани е поврзано со низок ризик од срцев или мозочен удар.

Ве прават попаметни

Бананите ги подобруваат функциите на мозокот, како и когнитивните способности и способноста за расудување. Тоа се случува поради богатата содржина на калиум кој е од витално значење за правилни мозочни функции.

Помагаат кај депресија

Добри се во борбата против депресија, благодарение на триптофанот, претходник на невротрансимитерите серотонин и мелатонин, кои го регулираат расположението.

Прочитај повеќе на Gotvi.mk:

Со грозје против брчки

Адријана Лима открива: Рецепт за утринско смути и совети за диета

Ким Кардашијан откри како ослабе 15 килограми за 2 месеци

Цеца со нов албум, а ние ви откриваме што јаде за да има таква линија

На традиционален британски појадок со Џон Њуман

Кои се омилените јадења и пијалоци на Енрике Иглесијас?

10 „убијци“ на вишокот калории

Како да ослабете според хороскопскиот знак?

Хороскопските знаци и храната – што треба да јадете, а која храна да ја избегнувате

Кое е омиленото јадење на принцот Чарлс?